Connect with us

Фудбал

Кој ќе ја освои Златната топка? Ако ги прашате обложувалниците, еден играч е голем фаворит

Фудбалската сезона 2024/2025 заврши, а во текот на изминатите десет месеци, тројца фудбалери се истакнаа со своите настапи на зелениот терен, а јасно е дека еден од нив ќе ја добие најголемата индивидуална награда во светот на фудбалот – Златната топка.

Церемонијата за доделување на „Златната топка“ ќе се одржи на 22 септември во Париз во Театарот Шателе, и тоа ќе биде 69-то издание на ова ласкаво признание. Обложувалниците веќе ги објавија квотите за победникот на наградата, и судејќи според нив, еден играч е убедлив фаворит.

Станува збор за напаѓачот на ПСЖ, Усман Дембеле. Во игра се Ламин Јамал и Рафиња од Барселона. Тие се на второ односно трето место според обложувлниците. На четвртото и петото место се Мухамед Салах и Квича Кварацхелија.