Connect with us

Други спортови

Која е девојката за која зборува цел свет, а го донесе првиот медал на својата земја (ФОТО)

Јутта Леердам, 27-годишна Холанѓанка, го освои златниот медал во брзо лизгање на трката на 1000 метри и постави нов олимписки рекорд од една минута и 12,31 секунда. Таа го освои првиот медал за Холандија на овогодинешните Зимски олимписки игри во Милано и Кортина д‘Ампецо. Леердам заврши 0,28 секунди пред својата сонародничка Фемке Кок, која го освои среброто. Бронзата ѝ припадна на Михo Такаги од Јапонија.

Јутта ја освои победата во арена полна со холандски навивачи облечени во портокалова облека. Меѓу нив беше и инфлуенсерот Џејк Пол, кој од неодамна се занимава и со бокс, а дошол да ја поддржи својата свршеница. Џејк ја следеше Леердам од вториот ред, а по нејзината победа не можеше да ги задржи емоциите. Камерите го забележаа моментот кога почна неконтролирано да плаче од среќа, покажувајќи ја својата голема поддршка кон неговата избраничка.

View this post on Instagram

A post shared by Jutta Leerdam (@juttaleerdam)


Леердам, исто така, заплака по трката и зборуваше за тоа откако го освои медалот.
„За време на трката знаев дека ќе се чувствувам уморно, но тоа не ми беше дозволено. Си реков себе си: Имаш 80 години да се опоравиш од ова. Потоа можеш да се чувствуваш уморно. Не сакаш да живееш со тоа каење. Толку многу се бореше за ова.

Леердам наскоро стана спортистка за која зборува целиот свет, како поради успесите на ЗОИ, така и поради нејзината животна приказна и некои контроверзии кои ја следат.

Таа е од Гравензанде, град во провинцијата Јужна Холандија, стана една од најистакнатите спортистки во зимските спортови. Двапати ја освои титулата светска првачица, тројно е европска првачица на 1000 метри и освои злато на Игрите во Пекинг. Сепак, Јута ја изгради и својата кариера на социјалните мрежи. На Инстаграм има повеќе од 5 милиони следбеници, а следат и милиони на други платформи.