Коло Муани не е убедлив, Спалети ги изненади сите со неговата идеја, Нико Гонзалес ќе игра како централен напаѓач

По последниот пораз од 3-2 против Сасуоло, Јувентус е веќе на критична точка од сезоната, иако таа штотуку започна. Натпреварот во четврток од Лига Европа против НЕК Најмеген и неделниот во првенството против Аталанта, се чини дека ќе бидат одлучувачки моменти за „Старата дама“ и, пред сè, за тренерот Лучијано Спалети.
Со девет повредени играчи кои го условиле почетокот на сезоната и само двајца што се враќаат, МекКени и Камбијасо, Спалети работи на наоѓање решенија за да го извлече најдоброто од составот што му е на располагање.
Според „Тутоспорт“, Спалети размислува да ја употреби шемата 3-4-2-1 во наредните два натпревара и бидејќи Коло Муани не е импресивен во последните натпревари, идејата на тренерот на црно-белите е да го искористи како централен напаѓач Нико Гонзалес.
Аргентинецот игра одлично и на својата природна позиција која е левото крило, но Спалети смета дека тој може добро да се снајде и како „број девет“ неконвенционален напаѓач, особено ако Коло Муани продолжи да не ги убедува.



