SportM
Фудбал

Комитите збеснаа, не го сакаат Седлоски за тренер: Не смее и нема да биде тренер на Вардар

E R5 ное 2024
Комитите збеснаа, не го сакаат Седлоски за тренер: Не смее и нема да биде тренер на Вардар

Фото: tv21m

Во текот на денот ФК Вардар соопшти дека на клупата седнува Гоце Седлоски кој го наследува Захариевски. Промената доаѓа по поразот во вечното дерби од Пелистер, по кое Захариевски одлучи да се повлече. Веднаш потоа стигна потврда дека Седлоски ќе биде нов тренер и ќе дебитира на мечот против Шкупи, каде своевремено работеше.
Но, ова не им се допаѓа на „Комити“ кои се огласија со соопштение:
Гоце Седловски не смее и нема да биде тренер на ФК Вардар!
Човечкиот отпад кој уживаше во друштвото на убијците на нашиот брат Саздо, кој со огромно задоволство се радуваше на поразите на ФК Вардар и кој беше избркан од клубот во 2017 година поради сомнително работење, по кое е општо познат во јавноста, не заслужува да седне на црвено-црната клупа!
Во сабота или седни на клупата на Слога Југомагнат, онаму каде што природно припаѓаш или воопшто не доаѓај. Вардар и Градскиот стадион во Скопје, за тебе веќе не постојат. Никогаш нема да ти биде простено!
Воедно ги повикуваме сите навивачи на клубот, сите оние кои беа во неделата во Битола, на баражите во Струмица и Кавадарци, но и на скалите пред стадионот, кога се испаѓаше, кога се боревме сами против сите, дур вакви гниди мирно си уживаа во своите провизиски комбинации и хоштаплерски зделки!
Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.