SportM
Фудбал

Комо не се шегува со трансферите

Редакција20 јул 2024
Комо не се шегува со трансферите

Дебитантот во Серија „А“, Комо, реализираше уште еден силен трансфер. По потписот на Пепе Реина, клубот објави дека потпишал договор со левиот бек Алберто Морено, кој доаѓа од Виљареал.

Поранешниот играч на Ливерпул потпиша договор со Комо до летото 2025 година, со тоа што неговиот договор автоматски ќе биде обновен на уште една година доколку се исполнат одредени услови, кои клубот не ги откри.

-Алберто е брз, агилен дефанзивец со добра техника, со големо меѓународно искуство, со оглед на тоа што играше во најдобрите лиги. Тој сигурно ќе ни биде корисен и среќни сме што го имаме, изјави тренерот Сеск Фабрегас.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.