SportM
Фудбал

Компани: На натпревари со противници што се затвораат ќе ни треба да бидеме трпеливи до крај

SPORTM.mk3 сеп 2026
Компани: На натпревари со противници што се затвораат ќе ни треба да бидеме трпеливи до крај

Баерн Минхен беше изненаден од домашниот тим Оснабрик во ДФБ-Покал со гол кој го постигнаа во првите минути од Купот на Германија. Баварците, кои играа на гости, останаа смирени и ја вратија контролата врз натпреварот во нивна корист, обезбедувајќи убедлива победа од 4-1.

Беше тежок натпревар против силен противник на гости. Тие постигнаа совршен погодок на почетокот, но ние останавме смирени во текот на целата игра. Ова беше добра победа на гости”, изјави тренерот на Баерн, Винсент Компани.

“Сè уште сме на почетокот на новата сезона, па работата за градење силен и конкурентен тим продолжува. Знаеме каде сме и каде сакаме да стигнеме, така што знаеме дека работата никогаш нема да запре”, додаде белгискиот тренер.

“Натпревари како овие даваат важни индикации, бидејќи гледаме каде треба повеќе да работиме. Ќе имаме многу други натпревари оваа сезона со тимови кои ќе се затвораат и ќе ни треба големо трпение за да стигнеме до голот и победата”, рече Компани.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.