Компани: Ни треба уште малку време да влеземе во ритам

По последниот пријателски натпревар пред сезоната на Баерн Минхен, оној што го добија со 4-2 против Хајденхајм во вторник, тренерот Винсент Компани зборуваше за актуелната ситуација кај шампионите на Германија.
“Некои од момците сè уште имаат потреба од неколку трчања и минути игра. Тие се играчите со кои сте запознаени од минатата сезона, но кои дојдоа подоцна од другите поради светското првенство.”, рече Компани.
Понатаму, белгискиот тренер, во неговата трета сезона во Баварија, рече: “Тоа беше поинаку од обичен натпревар, но секако исто така многу интересно. Ја искористивме последната пријателска средба за да се вратиме во ритам.”
“Имаме потреба да го најдеме вистинскиот ритам и ќе ги искористиме преостанатите денови за да бидеме што повеќе подготвени за првиот официјален предизвик.”, изјави Компани. На 22 август, баварците ќе играат за Суперкупот против Борусија Дортмунд.



