SportM
Фудбал

Конечно се случи, Тен Хаг заработи отказ од Манчестер Јунајтед!

Редакција28 окт 2024
Конечно се случи, Тен Хаг заработи отказ од Манчестер Јунајтед!

Холандскиот стручњак Ерик тен Хаг (54) доби отказ од клупата на Манчестер Јунајтед по серијата лоши резултати со „црвените ѓаволи“. На крајот, на Тен Хаг му пресуди вчерашниот пораз од Вест Хем со 2:1 во 9. коло од Премиершип, а за негов отказ се шпекулира веќе подолго време.

Потсетуваме дека Тен Хаг ја презеде клупата на “Ѓаволите“ во јули 2022 година и така по неполни две и пол години ја напушта. Како што беше потврдено, Јунајтед привремено ќе го преземе Руд ван Нистелрој, легендарниот напаѓач кој ја имаше улогата на помошник тренер во стручниот штаб на Тен Хаг.

Сепак, јасно е дека во наредните денови Јунајтед ќе почне да бара долгорочно решение, а британските медиуми пренесуваат дека кандидати за клупата на гигантот од „Олд Трафорд“ се Един Терзиќ, Рубен Аморим и Томас Франк. 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.