SportM
Фудбал

Крај на една ера, Гасперини соопштил на Аталанта дека заминува, се знае и следниот клуб!

E R28 мај 2025
Крај на една ера, Гасперини соопштил на Аталанта дека заминува, се знае и следниот клуб!

Фото: tv21m

Џан Пјеро Гасперини очигледно ќе ја напушти клупата на Аталанта по 9 години. Брилијантниот италијански тренер направи чудо во Бергамо и го претвори тимот кој редовно се бореше за опстанок, во редовен учесник во Лигата на шампионите и победник во Лигата на Европа.

По последното коло од Серија А против Парма, тој објави дека ќе замине бидејќи клубот ќе ги продаде своите најдобри играчи, а веќе некое време се споменува како нов тренер на Рома. Управата на Аталанта не седи со скрстени раце и веќе се подготвува за животот по Гасперини. Според „Фут Меркато“, Тијаго Мота е оној би требало да го наследи. Младиот стручњак имаше сезона од соништата во Болоња, по што се приклучи на Јувентус. Иако не се покажа лошо во Торино, доби отказ, но сепак е ценет во Италија. Знаејќи го долгорочниот систем на работа на Аталанта, тешко дека има подобар избор за клубот од Бергамо.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.