КРАЛОТ ОСТАНУВА НА ТРОНОТ: Македонецот Волкановски со брутален нокаут во Абу Даби му го нанесе првиот пораз во кариерата на Евлоев!
Редакција25 окт 2026

Александар „The Great“ Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите борци во историјата на UFC, откако синоќа на спектакуларниот настан UFC 333 во Абу Даби експресно ја одбрани шампионската титула во пердув категорија.
Иако мечот беше закажан како главен настан и требаше да трае максимални 5 шампионски рунди, австралискиот борец со македонско потекло не дозволи судиите да одлучуваат за неговата судбина. Волкановски извојува спектакуларна победа со технички нокаут (TKO) во самиот финиш на втората рунда.
Предизвикувачот Предизвикувачот Мовсар Евлоев влезе во овој октагон како непоразен борец (20-0) со сериозни амбиции да го симне шампионот од тронот. Меѓутоа, искуството и разорната моќ на Волкановски пресудија во Etihad Arena.
По изедначената прва рунда каде Евлоев успеа да направи едно соборување, Волкановски целосно го наметна своето темпо во втората рунда. Шампионот тргна во агресивен напад, го погоди Русинот со силен аперкат, а потоа со десно кроше целосно го разниша. Борбата се пресели во партер каде Волкановски упати брутална серија на „hammer-fists“ (удари со тупаница како чекан) и лакти. На само 6 секунди пред крајот на рундата, судијата Марк Годард беше принуден да ја прекине борбата за да го заштити немоќниот Евлоев. влезе во овој октагон како непоразен борец (20-0) со сериозни амбиции да го симне шампионот од тронот. Меѓутоа, искуството и разорната моќ на Волкановски пресудија во Etihad Arena.
По изедначената прва рунда каде Евлоев успеа да направи едно соборување, Волкановски целосно го наметна своето темпо во втората рунда. Шампионот тргна во агресивен напад, го погоди Русинот со силен аперкат, а потоа со десно кроше целосно го разниша. Борбата се пресели во партер каде Волкановски упати брутална серија на „hammer-fists“ (удари со тупаница како чекан) и лакти. На само 6 секунди пред крајот на рундата, судијата Марк Годард беше принуден да ја прекине борбата за да го заштити немоќниот Евлоев.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



