Кристијано Роналдо обвинет и во Саудиска Арабија: „Товар за тимот, навивачите се надеваат дека брзо ќе постигне 1000 голови…“

Кристијано Роналдо минува низ тешка фаза. По бурното заминување од португалската репрезентација, ѕвездата од Мадеира е цел на критики и во Саудиска Арабија. Потрагата, речиси опсесивна, по 1000-тиот гол во кариерата, изгледа дека му пречи на Португалецот и на Ал-Наср.
Во поразот од 3-1 против Ал-Ахли, CR7 постигна гол, но промаши и пенал, грешка која многу го разочара. Сепак, навивачите ја критикуваа неговата изведба на 41 годишна возраст. Бившиот саудиски дефанзивец Хусеин Абдулган го смета Роналдо за проблем во тимот:
„Сите знаат кој е проблемот на Ал-Наср, но никој не го гледа. Роналдо беше голем играч, но прашањето е: дали уште е корисен за тимот, особено во изедначени натпревари? Постигнувањето голови не е единствената функција на напаѓачот. Не можеш да постигнеш гол и потоа да бидеш товар за тимот во остатокот од натпреварот. Роналдо веќе не може да направи разлика“.
На крајот, тој саркастично додаде: „Навивачите се молат Роналдо да го постигне 1000-тиот гол и оваа приказна да заврши еднаш засекогаш“.
Поврзани вести

Алегри пред Манчестер Сити: Пласманот ќе го обезбедиме во последната недела, ни требаат најмалку три победи

Професорот по неврологија: „Проблемот на Мусијала е терапијата“. Халанд и Белингам го посетија во болница

