Connect with us

Фудбал

Кукурелја го исполни ветувањето, еве што направи со косата (ФОТО)

Фудбалскиот репрезентативец на Шпанија Марк Кукурелjа го исполни ветувањето и ја обои косата во црвена боја по освојувањето на ЕУРО 2024. Кукурелја, познат по својата препознатлива фризура, во интервју за „Мундо Депортиво“ ден пред финалето на јавно вети дека ќе се обои црвено доколку Шпанија стане европски првак. Пет дена откако Шпанија по четврти пат ја освои титулата најдобар тим во Европа, Кукурела го исполни ветувањето и ги воодушеви следбениците на социјалните мрежи.