SportM
Фудбал

Кварацхелија: ПСЖ ме убеди веднаш, Наполи беше одлучувачки за мојата кариера

SPORTM.mk24 сеп 2026
Кварацхелија: ПСЖ ме убеди веднаш, Наполи беше одлучувачки за мојата кариера

Хвича Кварацхелија ја раскажа за Би-Би-Си приказната за неговиот пат од рускиот фудбал до Наполи, а потоа до ПСЖ. Откако се пресели во Париз во јануари 2025 година, Грузијaнецот се претвори во важен протагонист, со 28 голови и 20 асистенции во 87 натпревари, како и две освоени Лиги на шампиони со ПСЖ.

Се присетувајќи се на периодот во Наполи, каде што пристигна во летото 2022 година, Кварацхелија изјави: „Кога играв во Русија, мојот сон беше да влезам во голем европски клуб. Кога пристигнав во Наполи, тоа беше одлучувачки момент во мојата кариера. Си реков: Сега имаш можност да им покажеш на сите дека го заслужуваш ова ниво“.

Тој исто така се сети и на тешкотиите за еден грузиски фудбалер: „Во Грузија немавме многу играчи во 5-те големи европски првенства и изгледаше тешко за замислување. Но, кога започнав да играм, мислев дека морам да дадам сѐ за да го достигнам тоа ниво“.

По две и пол сезони во Наполи, пристигна ПСЖ: „Имав и други понуди, но кога разговарав со претседателот и Луис Енрике не се двоумев ни секунда. Му реков на мојот агент и на татко ми: Не разговарајте воопшто со другите клубови, јас одам таму“.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.