Connect with us

Фудбал

Лапорта го отпушти Чави!

Првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта му соопштил на Чави дека повеќе нема да биде тренер на тимот. Соработката на легендарниот фудбалер е завршена и тој по крајот на сезоната заминува. Ова го соопшти Барселона преку официјално соопштение, иако до крајот има да се одигра уште еден меч. Наводно, веќе следната недела се очекува Барса да ги прецизира работите со новиот тренер Ханси Флик.

Чави пристигна како спасител, освои Лига и Суперкуп во нешто што изгледаше дека ќе биде „нова ера“ за Барса, но со текот на времето ефектот беше намален и тимот пропадна, додека не го допре дното во една сезона во која витрините на Барса останаа празни, односно без трофеј.