Фудбал
Легендарниот Французин тврди: Погба му фрлил црна магија на Мбапе!
Килијан Мбапе игра слабо на стартот од оваа сезона, а легендарниот француски интернационалец Емануел Петит тврди дека 25-годишниот ас на Реал е под црна магија.
Мбапе постигна 8 гола на 17 натпревари оваа сезона во Ла Лига и Лигата на шампионите, што би било добар настап за повеќето фудбалери, но не и за Килијан, кој и самиот е незадоволен од својата форма. Во емисијата на RMC, еден од гостите беше 54-годишниот Петит, кој истакна дека Мбапе е под црна магија.
Emmanuel Petit pense très sérieusement que Kylian Mbappé a été marabouté 😳
(🎥 @RMCsport)
— Footballogue (@Footballogue) November 28, 2024
“Навистина мислам дека Мбапе е маѓепсан од црна магија. Можеби некој не верува во црна магија, но јас верувам. Велам дека е маѓепсан затоа што го познавам и затоа што верувам во црна магија”, рекол Петит, а потоа кога праша кој е виновен за тоа одговори:
„Сите ми велат дека Погба му фрлил црна магија“, изјави Светскиот шампион од 1998 година и европскиот шампион од 2000 година.
Ова не е прв пат Пол Погба да се поврзува со црна магија. Неговиот брат Матијас откри дека во 2022 година, Пол платил на лекар-вештер за да му фрли злобна магија на Мбапе пред Светското првенство.