ФУДБАЛ

Легендарниот напаѓач за доаѓањето на Модриќ во Милан: Во Серија А може да игра и со цигара во уста!

Легендарниот италијански репрезентативец Кристијан Виери, коментирајќи го трансферот на Лука Модриќ во Милан, истакна дека искуството и квалитетот на хрватскиот фудбалер се непроценливо богатство за секој клуб.
„Во Италија, фудбалер од неговата класа може да одигра 40 натпревари со цигара во уста“, рече 52-годишниот Виери за весникот „Кориере дела Сера“,

Модриќ ќе го прослави својот 40 роденден во септември, но Виери истакна дека класата нема рок на траење и дека таа ќе дојде до израз во Серија А, бидејќи во италијанското првенство тактиката победува над физичката сила.

Поранешниот најдобар стрелец на Јувентус, Лацио, Интер, Атлетико Мадрид и Милан, кој постигна 142 гола во италијанската Серија А, верува дека Модриќ не е само засилување за играчите, туку ќе биде и светилник во соблекувалната на клубот од Милано.
„Модриќ ќе им го покаже на младите играчи најдобриот начин да станат вистински фудбалери“, рече Виери, додавајќи оти хрватскиот капитен е способен да го подигне професионализмот и менталната сила на целиот тим.

ПОВРЗАНО

Серија А