SportM
Фудбал

Легендарниот Роналдињо на 46 години потпиша за италијански тим (ВИДЕО)

Редакција24 јун 2026
Легендарниот Роналдињо на 46 години потпиша за италијански тим (ВИДЕО)

Во еден од најизненадувачките моменти на летниот преоден рок, поранешниот освојувач на Златната топка, Роналдињо, се врати во Италија за да игра за Равена од италијанската Серија Ц. Бразилскиот фудбалер сподели снимки на кои позира и потпишува дрес со бројот 10.

Четириесет и шестгодишниот Роналдињо ја заврши својата играчка кариера пред повеќе од десет години, кога неговиот последен договор со Флуминенсе беше раскинат во 2015 година. Сепак, поранешната ѕвезда на ПСЖ, Милан и Барселона е подготвена да се врати во Италија за да настапува за Равена во третата лига.

„Едвај чекам повторно да танцувам со топката“, изјави Роналдињо откако Равена го потврди неговото доаѓање.

Иако договорот носи очигледни придобивки во однос на привлекување внимание и комерцијални приходи, сопственикот на клубот, Игнасио Кипрани тврди дека овој потег не е направен исклучиво од промотивни причини и дека бразилската фудбалска икона Роналдињо сигурно ќе одигра најмалку еден натпревар во Серија Ц.

Роналдињо сепак нема да му се приклучи на тимот на подготовките пред почетокот на сезоната.

„Ќе биде присутен на претставувањето на тимот на 21 август. Нема да дојде на подготовките, но сигурно ќе учествува на најмалку еден првенствен натпревар. Можеби и на неколку натпревари, ќе видиме. Сè уште не знаеме кога ќе настапи во лигата, тоа ќе зависи од неколку работи. Сигурно ќе биде домашен натпревар. Негова цел е да го постигне својот последен гол во дресот на Равена“, потврди Чипријани во интервју за Газета дело Спорт.

Во меѓувреме, снимката на која Роналдињо го потпишува својот нов дрес на Равена со легендарниот број 10 на грбот стана вирална на социјалните мрежи.

Равена ќе биде првиот клуб во светот што ќе носи дресови од брендот Р10 на Роналдињо.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.