SportM
Фудбал

Легендарниот Шевченко влегува во политиката, ќе соработува со Зеленски!

Редакција27 сеп 2023
Легендарниот Шевченко влегува во политиката, ќе соработува со Зеленски!

Легендарниот украински фудбалер Андриј Шевченко влезе во политиката, а ќе соработува со претседателот на својата земја, Володимир Зеленски. Претседателот на Украина Зеленски вчера со декрет го именуваше Шевченко за свој советник. Во кратката одлука само беше наведено дека Шевченко е назначен за советник, но не беше појаснето кои прашања ќе биде задолжен да му помага на Зеленски.

Шевченко е најдобриот фудбалер на Украина во историјата, кој своите најпознати фудбалски денови ги помина во Милано, со кого ја освои Лигата на шампионите во 2003 година, а една година подоцна ја освои и Златната топка. За репрезентацијата на Украина постигна 48 гола на 111 настапи, а како селектор ја предводеше Украина до четвртфиналето на ЕП 2000, што е најдобар резултат во историјата на таа земја.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.