Левандовски: Родри го има искуство што и е потребно на Барселона, игра на највисоко ниво

Роберт Левандовски со многу љубов се сеќава на периодот во Барселона, иако ова лето се оддалечи по четири сезони за да ја започне авантурата во Чикаго Фајр.
„За мене беа четири многу убави години во Барселона. Се разбира, доаѓа момент кога треба да направиш нешто друго, нов чекор, и сега сум многу среќен“, – вели Полјакот. Тој призна дека му треба време да се приспособи: „Тоа е нормално, не само затоа што заминувам од Европа, туку и затоа што одам во САД“.
За Барселона рече: „Не сум многу емотивен, повеќе сум ладнокрвен, но во моето срце секогаш ја поддржувам и помагам на Барселона и на моите поранешни соиграчи.“ Со каталонскиот клуб освои три Ла Лига и трофејот „Пичичи“.
За Родри изјави: „Тој е играч кој знае што му е потребно на тимот… Има многу искуство, веќе со години игра на највисоко ниво“.



