Connect with us

Фудбал

Лионел Меси тргнува по првиот трофеј оваа сезона, но и историја (ВИДЕО)

Аргентина се пласираше во финалето на Копа Америка, па Лионел Меси повторно ќе има можност да ја освои титулата со „гаучосите“! Со победата од 2:0 над Канада, Меси стигна до своето седмо меѓународно финале со Аргентина, а ќе видиме дали ќе има уште еден пехар за јужноамериканскиот шампион.


Светскиот шампион победи со головите на одличниот Хулијан Алварез во 22. минута и Лео Меси во 51. минута, што секако ги допре срцата на навивачите. Меси досега одигра многу лош турнир, не успеа да постигне ниту еден гол, дури и го пропушти мечот со Перу, а сето тоа поради повредата со која дојде на натпреварувањето. За среќа на „гаучосите“ повредата сега е зад него, па на тлото на САД би можел да освои уште еден важен пехар во кариерата.