Фудбал
Ливерпул има огромно водство на врвот! Се закануваше пораз, но Салах сам направи пресврт (ВИДЕО)
Во вистинско уживање од 12. коло од англиската Премиер лига, фудбалерите на Ливерпул го совладаа Саутемптон со резултат 3:2 и со тоа направија огромен чекор кон освојување на титулата англиски шампион. И покрај тоа што е рана фаза од сезоната, Ливерпул има осум бода повеќе од Манчестер Сити, кој го претрпе петтиот последователен пораз во сите натпреварувања, откако вчера беше поразен со 4-0 од Тотенхем.
Ливерпул денеска беше на работ на пораз, но Мохамед Салах се растрча кога беше најпотребно да му донесе златна победа на својот тим на гостувањето на јужниот брег. Се започна со гол на Доминик Шобошлаи во 30. минута по грешка на домашната одбрана, но во 52. минута Адам Армстронг погоди по спорниот пенал. Поточно голманот на Ливерпул Каоимхин Келехер го одбрани првиот удар, но топката се врати во ногата на Армстронг и тој ја испрати во празната мрежа на гостите.
При резултат 1:1 се замина на одмор, а потоа во продолжение уште поголеми возбудувања. Започна со голот на Матеус Фернандес во 56. минута за пресврт и водство на Саутемптон. Се чинеше дека Ливерпул може да го доживее најтешкиот пораз сезонава бидејќи Саутемптон е последнопласираната екипа во лигата, но тогаш на сцена стапи Мохамед Салах.
Египјанецот со головите во 65. и 83. минута донесе пресврт и победа за Ливерпул вредна за првото место и дури осум бода повеќе од Сити. Пред Ливерпул во наредното е дербито на сезоната против Манчестер Сити, а евентуална победа би можела да им донесе 11 бода пред Граѓаните, додека Сити со победа би се вратил во борбата за титулата.