SportM
Фудбал

Лондон, доаѓам-Агентот на Винисиус Жуниор долева „маслото на огнот“ со неговиот последен пост (ФОТО)

SPORTM.mk4 авг 2026
Лондон, доаѓам-Агентот на Винисиус Жуниор долева „маслото на огнот“ со неговиот последен пост (ФОТО)

Ситуацијата меѓу Винисиус Жуниор и Реал Мадрид е понапрегната од кога било. Бразилската ѕвезда последно време многу се споменува за евентуален трансфер во Арсенал ова лето доколку не постигне договор со Реал Мадрид за обновување на договорот, кој истекува во јуни следната година.

Како да не беа доволни гласините од трансфер пазарот, Мајкл Јормарк, претседателот на RocNations, агенцијата што го менаџира Винисиус Жуниор, го долеа „маслото на огнот“ со еден неодамнешен пост.

„Лондон, доаѓам. Одиме!, напиша Јормарк на неговите социјални мрежи. Причината за неговото патување во англиската престолнина уште не е позната, но знаејќи го постојаниот интерес на Арсенал, мадридските навивачи почнаа сериозно да се загрижуваат по овој пост.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.