„Лудиот“ голман Емилијано Мартинез ги исмејуваше Бразилците на сред меч, го налути селекторот (ВИДЕО)
Редакција26 мар 2025

Познат по своето однесување и способност да ги провоцира противниците, Емилијано Мартинез синоќа ја искористи приликата да се забавува со Бразилците и да се потсмева на резултатот од мечот (4:1). Во моментите кога домашните водеа со 4-1, голманот на Аргентина и Астон Вила ја зеде топката и почна да жонглира со неа, што е навистина реткост и чин на непочитување кон противникот.
Emiliano Martinez is trolling with Brazil
pic.twitter.com/kRiF6MqlOU— The Screenshot Lad (@thescreenlad) March 26, 2025
И покрај тоа што овој потег наиде на овации од десетици илјади аргентински навивачи, кои бараа повеќе, исто така го налути неговиот тренер Лионел Скаони, кој веднаш го повика Мартинез да престане, тресејќи со прстот во знак на неодобрување.
Сподели
Поврзани вести

Гакпо може да замине од Ливерпул, „црвените“ нудат 115 милиони евра за Баркола, но ПСЖ одбива

Поранешниот светски шампион за Алварес и неговите претставници: Се покажаа како идиоти, требаше да молчат

Атлетико се подготвува да го продаде Алварез само на Арсенал, напаѓачот ќе чека на Барселона до 1 септември
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.
