Мадуејке: Арсенал не игра за второ место

Нони Мадуеке изјави дека Арсенал Лондон останува фокусиран на деталите, додека се подготвува за серија клучни натпревари во одбрана на титулата во Премиер лигата. Во сабота, „топчиите“ патуваат кон Њукасл Јунајтед со цел да станат петтиот тим во историјата на ова натпреварување што успеал да освои 30 бодови во првите 11 натпревари.
Полуофанзивниот играч истакна дека главниот мотив за освојување на титулата по втор пат продолжува да ги мотивира актуелните шампиони. „Скро сме фокусирани на следната тренинг-сесија, на следниот натпревар. Мораш да се концентрираш на деталите, да ја следиш ситуацијата ден за ден и да видиш каде ќе завршиш“, рече Мадуејке.
Понатаму, тој изјави: „Не сме во Премиер лигата за да завршиме на второто место, цел ни е да ја освоиме титулата. Секогаш е добро да се освојат бодови на гостување. Ќе се обидеме и овој викенд да ја повториме победата што ја постигнавме минатата година“.
„Тие имаат исклучителна атмосфера и група на играчи што се трудат еден за друг. Не би рекол дека тоа е застрашувачки предизвик. Ние сме шампионите, сме во одлична форма и мислам дека имаме лидери во секој дел од екипата“, изјави Нони Мадуеке.
„Ќе играме на секои три дена и не очекуваат навистина големи натпревари. Тоа е возбудливо, токму за тоа играме. Со нетрпение чекам да започне оваа серија натпревари“, рече тој.



