SportM
Ракомет

Македонија ги дозна противниците за Светското првенство, ќе има голема и тешка борба!

Редакција10 јун 2026
Македонија ги дозна противниците за Светското првенство, ќе има голема и тешка борба!

Фото: tv21m

Македонската ракометна репрезентација ги доби ривалите во групата за Светското првенство што од 13 до 31.јануари 2027 година ќе се одржи во Германија. Противници во групата Х што ќе се игра во Магдебург се: Исланд, Бахреин (шампион на Азија) и Јапонија (четвртопласирана на последниот шампионат на Азија).

РАСПОРЕД НА ГРУПИТЕ:

А група (Минхен): Германија, Србија, Тунис, Уругвај.

Б група (Штутгарт): Египет, Италија, Република Зелен РТ, Саудиска Арабија.

Ц група (Минхен): Хрватска, Шпанија, Чиле, Турција.

Д група (Штутгарт): Аргентина, Франција, Бразил, Кувајт.

Е група (Кил): Шведска, Норвешка, Грција, Катар.

Ф група (Магдебург): Португалија, Фарски острови, Полска, Алжир.

Г група (Кил): Данска, Словенија, САД, Ангола.

Х група (Магдебург): Исланд, Македонија, Бахреин, Јапонија.

Во првото коло македонските ракометари ан 15.јануари играат против Јапонија, на 17.јануари противник ни е Бахреин, а во последното коло од групата ривал ни е Исланд на 19.јануари.

Тритепрвопласирани репрезентации од групите ќе изборат пласман во Главната фаза

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.