SportM
Фудбал

Македонија го доби противникот за баражот во Лигата на нации, немаме пораз од нив!

Редакција20 ное 2026
Македонија го доби противникот за баражот во Лигата на нации, немаме пораз од нив!

Репрезентацијата на Македонија го доби противникот во баражот за опстанок во Б конкуренцијата од Лигата на нации.

Македонската селекција во март следната година ќе се соочи со репрезентацијата на Кипар, која во фазата по групи во Ц лигата го освои второто место зад Црна Гора.

Во историјата само два пати сме се соочиле со Кипар и тоа пред повеќе од три децении.

Во првиот дуел одигран на 17 декември 1994 година во рамки на квалификациите за Европското првенство во Скопје, триумфиравме со 3.0, а троен стрелец беше Бошко Ѓуровски.

Вториот натпревар го игравме на 11 октомври 1995 година во Лимасол, а избраниците на селекторот Андон Дончевски освоија бод откако конечниот резултат беше 1:1, а стрелец на погодокот за Македонија беше Борче Јовановски.

Во шесте настапи во Лигата на нации, Кипар забележа две победи, исто толку порази и имаше два нерешени резултати.

Нашиот следен противник славеше над Летонија (2:1) и Ерменија (2:0), на два пати беше совладан од Црна Гора (1:4 и 1:2), а по бод освои во соочувањата со Летонија (0:0) и Ерменија (1:1).

Во останатите натпревари од баражот се среќаваат Естонија –  Романија, Фарски острови –  Грузија и Белорусија – Израел.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.