Македонија ја победи Полска, за пласман на ЕП ќе почекаме друга шанса!
E R25 фев 2025

Фото: tv21m
Македонската машка кошаркарска репрезентација со победа внад Полска во Скопје од 88-74 го заврши квалификацискиот циклус во кој не успеа да обезбеди пласман на Европското првенство оваа година.
Во натпревар без резултатско значење Македонија до вториот триумф ги предводеа Андреј Маслинко со 22 и Ти Џеј Шортс со 21 поени.
Македонија ги заврши евроквалификациите како третопласирана во групата Х од која место на Евробаскетот обезбедија Литванија и Естонија, како и Полска која заедно со Кипар, Летонија и Чешка ќе бидат кодомаќини на завршниот турнир од 27 август до 14 септември.
Македонската репрезентација ќе се врати на меѓународната сцена во август кога ќе ги стартува претквалификациите за следниот кошаркарски Мундијал.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



