SportM
Фудбал

Македонија по 360 дена, конечно постигна гол, но од Глазгов се враќа со празни раце

Редакција13 ное 2026
Македонија по 360 дена, конечно постигна гол, но од Глазгов се враќа со празни раце

Македонската фудбалска репрезентација го доживеа и петтиот пораз во Лигата на нациите откако загуби на гостувањето кај Шкотска со 2:1.

Сепак, овој натпревар ќе остане запаметен по тоа што нашата селекција конечно го прекина црниот голгетерски пост.

По неверојатни 844 минути активна игра и 360 дена без постигнат погодок, топката повторно заврши во противничката мрежа.

Домашната репрезентација прва дојде во водство преку МекГин во 54-та минута.

По голот,  Македонија заигра похрабро и успеа да постигне гол.

Радоста пристигна во 57-мата минута кога Елмин Растодер, по корнерот на Енис Барди, го постигна својот прв гол во репрезентативниот дрес за израмнување на 1:1.

Иако овој првенец на Растодер донесе нова енергија и надеж за освојување бод на тешкото гостување, тоа не се случи.
Шкотска брзо ги консолидираше своите редови и повторно го презеде притисокот на нашата половина од теренот.

Во завршницата од мечот домаќините постигнаа и втор погодок од пенал исто така преку МекГин со кој го поставија конечниот резултат на средбата.

Така, и покрај прекинувањето на негативната серија, Македонија со празни раце се враќа од гостувањето во Глазгов.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.