SportM
Кошарка

Македонија поразена и од Литванија!

E R22 ное 2024
Македонија поразена и од Литванија!

Фото: tv21m

Македонската кошаркарска репрезентација загуби од Литванија во Скопје со 67-82 и го запиша вториот пораз во третиот натпревар во рамки на групата Х во квалификациите за пласман на Европското првенство 2025.

Во отсуство на неколку клучни играчи кои поради обврски во Евролигата и повреди не можеа да му бидат на располагање на селекторот Александар Јончевски, македонската репрезентација беше немоќна да ѝ се спротивстави на Литванија и со вториот пораз во групата значително ги намали шансите за пласман на Евробаскетот.

Најефикасен во македонските редови беше Кристијан Николов со 18 поени.

Македонија в недела ѝ гостува на Литванија пред двата завршни евроквалификациски дуели, против Естонија на гостински и Полска на домашен терен во февруари идната година.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.