SportM
Други

Македонија поразена од Португалија

Редакција15 сеп 2026
Македонија поразена од Португалија

Македонската одбојкарска репрезентација го доживеа и четвртиот пораз на Европското првенство откако попладнево во рамки на Б групата загуби од Португалија со 3:0 во сетови (25:13; 25:20 и 25:20). Со овој пораз македонскиот тим нема повеќе шанси за пласман во следната фаза од натпреварите.

Првиот сет македонските одбојкари го одиграа под очекувањата. По 6:6, Португалија направи серија од 9-2 и во средишницата на сетот водеше со 15:8 за конечни 25:13. Во вториот сет македонскиот тим имаше и водство но неколку наврати, а последното беше 12:11, а по 16:16 до крајот на сетот противникот имаше скор од 9-4 за 25:20 и водство од 2:0 во сетови.

Во третиот сет нашите одбојкари во неколку наврати имаа предност и од три поени (4:1; 7:4 и 8:5). Но, ривалот брзо изедначи и последното водство на избраниците на македонскиот селектор Јошко Миленкоски беше 13:12. Португалија повторно имаше подобар ритам на игра во сетот и го доби уште еднаш со 25:20.

Во вториот натпревар од групата од 18 часот играат Полска – Украина, додека македонската репрезентација последниот натпревар на ЕП го игра утре против Израел од 15 часот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.