SportM
Фудбал

Македонија против Данска во полуфиналето од баражот за Светското првенство!

E R20 ное 2025
Македонија против Данска во полуфиналето од баражот за Светското првенство!

Фото: tv21m

Во седиштето на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) во Цирих, денес беа извлечени двојките за плејофот за пласман на Мундијалот 2026. Македонската репрезентација за ривал во полуфиналето ја доби репрезентацијата на Данска. Во евентуално финале, нашата репрезентација ќе игра со победникто од дуелот Чешка – Република Ирска, повторно на гостински терен.

Другите полуфинални двојки за европскиот бараж се:

Италија – Северна Ирска
Украина – Шведска
Турција – Романија
Велс – Босна и Херцеговина
Полска – Албанија
Словачка – Косово
Чешка – Република Ирска.

Полуфиналните натпревари се закажани за 26 март 2026 година. Пет дена подоцна (на 31 март) ќе се играат четирите финалиња по кои поуспешните репрезентации ќе обезбедат пласман на Светското првенство 2026.

Мундијалот идното лето ќе се игра во САД, Мексико и Канада.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.