SportM
Кошарка

Македонија убедлива против Кипар, дабл-дабл на Дион Шабани со 37 поени и десет скокови!

Редакција7 авг 2026
Македонија убедлива против Кипар, дабл-дабл на Дион Шабани со 37 поени и десет скокови!

Македонската машката кадетска репрезентација со убедлива победа 82:63 го почна Европското првенство од дивизијата „Б“, кое се одржува во Гевгелија и Скопје. Избраниците на селекторот Дејан Стојановски го совлада Кипар демонстрирајќи квалитетна игра и целосна контрола во најголемиот дел од натпреварот.

Македонија имаше фуриозен почеток. За нешто повеќе од пет минути игра создаде убедлива предност од 22:5, пред сè благодарение на извонредниот шут за три поени, со дури шест реализирани тројки во воведниот период и по десет минути игра водеше со 28:19.Нашата репрезентација стигна и до предност од 42:23, но Кипар до паузата успеа делумно да се врати и на одмор се замина со резултат 45:33.

Кипар подобро го отворија второто полувреме и се доближи на 39:45, но тогаш следуваше вистинскиот одговор на македонските кадети.

Во завршницата нашите кошаркари рутински ја сочуваа високата предност и заслужено стигнаа до првата победа на шампионатот. Најефикасен на натпреварот беше Дион Шабани, кој одигра извонреден натпревар кој го заокружи со дабл-дабл ефект. Постигна 37 поени, дополнети со десет скока. Одлична поддршка доби од Александар Зунзуровски, кој натпреварот го заврши со 23 поени, четири скока и две асистенции. Анѓеловски дополни со седум скока, осум поени и десет асистенции

Денеска во рамките на второто коло македонскиот тим ќе игра против Исланд со почеток во 18:30 часот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.