SportM
Фудбал

Македонија утре вечер против Велс, еве кој ќе го суди мечот пет пати ни судел!

E R17 ное 2025
Македонија утре вечер против Велс, еве кој ќе го суди мечот пет пати ни судел!

Фото: tv21m

Македонската фудбалска репрезентација во вторник во Кардиф против Велс ќе го одигра решавачкиот натпревар за освојување на втората позиција во квалификациската група за пласман на Светскиот шампионат.

Со оглед дека ова е дуел кој директно решава која од двете селекции ќе обезбеди место во баражот, УЕФА го делегираше еден од најдобрите арбитри во Европа.

Главен судија е Холанѓанецот, Дани Макеле, а ќе му помагаат Хесел Стегстра и Јан де Фрис. Четврти арбитар е Марк Нагтегал.

Холандска двојка ќе биде и во ВАР собата, а таму се делегирани Пол ван Бокел и асистентот Рихард Мартенс.

Четириесет и две годишниот полициски службеник од Дордрехт, кој знакот на ФИФА го носи од 2011-тата судел на Светскиот куп во Катар 2022 и на последните два Европски шампионати.

Бил делегиран на финалето во Лигата на шампионите пред пет години меѓу ПСЖ и Баерн како на финалето во Лига Европа во кое се соочија Севилја и Интер,

Макеле три пати бил главен арбитар на мечеви во кои настапила репрезентацијата на Македонија.

Во 2016-тата во Скопје на натпреварот во кој Италија ја совлада нашата селекција со 3:2. Три години подоцна на дуелот Македонија – Словенија исто така во Скопје кога славевме со 2:1 и во 2021-та на мечот на арената Тодор Проески против Германија во кој гостите триумфираа со 4:0.

Холанѓанецот е еден од најискусните судии на Стариот континент. Во кариерата има 750 натпревари од кои 362 во националниот шампионат, 54 во Лигата на шампионите, 18 во Лига Европа, а 31 пат бил делегиран на квалификациски мечеви за пласман на Светските и Европските шампионати.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.