Македонија вечерва против Шкотска-Нов предизвик за момците на Седлоски на “Хемпден парк”, ќе има ли конечно радост?

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Глазгов го очекува дуелот против Шкотска во рамките на Лигата на нации. На стадионот „Хемпден парк“, македонската селекција ќе се обиде да стигне до позитивен резултат против противникот кој на првиот меѓусебен натпревар во Скопје славеше со 2:0.
Шкотите влегуваат со амбиција да ја искористат домашната предност. За Македонија, пак, ова е можност за подобро издание и обид да се поправи впечатокот од првата пресметка.
Се очекува натпревар во кој домашната селекција ќе ја има поддршката од трибините, додека македонскиот состав ќе бара начин да одговори на притисокот и да ја наметне сопствената игра.
Дуелот во Глазгов е уште една важна проверка за македонската репрезентација во продолжението од настапот во Лигата на нациикаде досега немаме ниту една победа, а ниту постигнат гол.
Шкотска – Македонија, вечерва од 20:45 часот на „Хемпден парк“ во Глазгов.
Сите досегашни меѓусебни натпревари и резултати:
-
06.09.2008 – Македонија 1:0 Шкотска
-
05.09.2009 – Шкотска 2:0 Македонија
-
11.09.2012 – Шкотска 1:1 Македонија
-
10.09.2013 – Македонија 1:2 Шкотска
-
03.10.2026 – Македонија 0:2 Шкотска
Вкупен биланс:
-
🇲🇰 Македонија: 1 победа
-
🤝 Нерешени: 1
-
🏴 Шкотска: 3 победи
Вкупно голови:
-
Македонија: 3
-
Шкотска: 7



