SportM
Фудбал

Македонија вечерва против Словенија, дали конечно ќе победиме? Историјата е на наша страна!

Редакција16 ное 2026
Македонија вечерва против Словенија, дали конечно ќе победиме? Историјата е на наша страна!

Македонската фудбалска репрезентација вечерва ја очекува нов предизвик во Лигата на нации. На Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, избраниците Гоце Седлоски ќе ги одмерат силите со Словенија, во натпревар од последното коло во групата Б1.

Почетокот е закажан за 20:45 часот, а дуелот доаѓа во момент кога на Македонија ѝ е потребна позитивна реакција по серијата неуспешни резултати во ова издание на натпреварувањето.

Словенците, од друга страна, доаѓаат со подобар резултатски биланс и со самодоверба по ремито без голови против Швајцарија во претходното коло.

Дополнителен мотив за македонските фудбалери е и последниот меѓусебен дуел, одигран на 29 септември во Словенија, кога домашната селекција славеше со 2:0.

Вечерва „рисовите“ ќе имаат можност за реванш пред домашната публика и за достојно затворање на настапот во групата.

Историјата на меѓусебните пресметки е на страната на Македонија. Двете селекции досега одиграле осум натпревари, а нашиот национален тим има четири победи, два нерешени резултати и два порази.

Сите досегашни меѓусебни дуели

13.10.1993 – Словенија – Македонија 1:4

23.03.1994 – Македонија – Словенија 2:0

14.11.2012 – Македонија – Словенија 3:2

23.03.2016 – Словенија – Македонија 1:0

24.03.2019 – Словенија – Македонија 1:1

10.10.2019 – Македонија – Словенија 2:1

01.06.2021 – Македонија – Словенија 1:1

29.09.2026 – Словенија – Македонија 2:0

Биланс: 8 натпревари, 4 победи на Македонија, 2 нерешени и 2 победи на Словенија. Гол-разлика: 13:9 за Македонија.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.