Македонија во црни дресови утре, во чест на жртвите од Кочани
E R21 мар 2025

Со темни дресови во знак на почит кон жртвите од катастрофалниот пожар во Кочани ќе настапат македонските фудбалери на утрешниот натпревар против Лихтенштајн во Вадуз во рамки на мундијалските квалификации.
На трибините на стадионот „Рајн Парк“ се очекува над 1.000 навивачи да ја бодрат македонската репрезентација до кои преку социјалните мрежи се апелира да бидат облечени во црно и со себе од навивачки реквизити да понесат само знамиња и шалови.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани изминатиот викенд загинаа 59 лица, а 196 се повредени.
Со натпреварот, кој е закажан со почеток во 15 часот, избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе ги стартуваат квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



