SportM
Други

Македонската борачка освои бронза, петти медал за македонските спортисти на Медитеранските игри!

Редакција26 авг 2026
Македонската борачка освои бронза, петти медал за македонските спортисти на Медитеранските игри!

Македонската борачка Вероника Консевиќ со успех го заврши настапот на Медитеранските игри во Таранто, освојувајќи го вечерва бронзениот медал.

Консевиќ имаше успешен настап во борбата за бронзениот медал во категоријата до 57 килограми, триумфирајќи над Милица Перовиќ од Србија на поени со 7-5.

За македонските спортисти ова е петти медал на Медитеранските игри чиј домаќин до 3 септември е италијанскиот град Таранто.

На третиот натпреварувачки ден, во понеделникот, борачите Фати Вејсели и Реџеп Хајдари освоија сребрени, а Ахмад Магомедов бронзен медал.

Претходно денеска, успешен старт во рингот имаше и боксерот Ален Рустемовски, кој обезбеди најмалку бронзен медал во категоријата до 60 килограми, совладувајќи го во четвртфиналето Албанецот Ариол Зенели.

Противник на Рустемовски во утрешното полуфинале ќе биде Шпанецот Марин Ернандез.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.