SportM
Други

Македонската химна грмеше во Италија, Катерина Ацевска освои златен медал во џиу-џицу (ВИДЕО)

Редакција11 фев 2026
Македонската химна грмеше во Италија, Катерина Ацевска освои златен медал во џиу-џицу (ВИДЕО)

Каков старт на новата сезона за Катерина Ацевска, која го освои златниот медал на Гранд при Џенова опен во Италија во џиу џицу.

Ацевска во првото коло беше слободна, а во второто славеше со ипон  против Федерика Маза од Италија, а во финалето ја совлада Каја Орзечовска од Полска со 16-7.

На турнирот настапија 267 натпреварувачи со 293 натпреварувачки влезови од 24 земји.

Да потсетиме, минатата година во ноември Катерина Ацевска на Светското првенство во џиу џицу во Банког, Тајланд, го освои првиот сениорски медал за Македонија. Таа во категоријата над 70 килограми го постигна најголемиот успех во кариерата освојувајќи го бронзениот медал на СП.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.