Connect with us

Други спортови

Македонката Иванова освои второ место на велосипедски маратон во Шпанија!

Македонската велосипедистка Дуња Иванова викендот го освои второто место на маратонот во шпанското приморското гратче Камбрилс.

Маратонот – Куп во планински велосипедизам беше дел од  календарот на Светската велосипедска федерација УЦИ.

На маратонот во организација на „БТТ“ учествуваа 300 натпреварувачи од целиот свет.

Иванова која е членка на клубот Енерџи се натпреваруваше во сениорска конкуренција. Таа 63 километри со висинска разлика од 1.400 метри, ги извози во услови на силен ветер, пустински и каменести предели и исклучително технички спустови типични за шпанските планински маратони.

Победата ѝ припадна на Пилар Фернандез Хернандез од тимот на ИСБ Фактори, додека третата позиција ја освои Торес Хугес Лорелеи од ФАЦ, и двете од Шпанија.

Со овој пласман и освоени 25 поени, Иванова ја подобри својата позиција на Светската МТБ ранг-листа.

Веќе следната недела ја очекува нов предзвик на маратонот Гарда во Италија, како дел од подготвителните натпревари за пикот на оваа сезона во Италија и во Швајцарија.