Македонската олимпијка Атанасовска не ја заврши трката во слалом на Олимписките игри!
Редакција18 фев 2026

Македонската скијачка Јана Атанасовска остана без пласман во денешниот слалом на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.
Атанасовска не успеа да стигне ниту до првата мерна станица.
Претходно единствената Македонка во алпските дисциплини на Олимпијадата 2026 не ја заврши ниту првата трка во велеслалом.
По првото возење води Американката Микаела Шифрин со време 47,13 секунди, пред Лена Дир од Германија која патеката ја помина за 47,95 секунди.
Почетокот на втората трка е закажан за 13:3о часот.
Атанасовска беше последната учесничка од македонската репрезентација на ЗОИ 2026. Претходно на Игрите учество земаа Ставре Јада, Ана Цветановска и Виктор Петков.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



