SportM
Други

Македонски каратист ќе се бори за злато во Бразил!

Редакција10 јун 2026
Македонски каратист ќе се бори за злато во Бразил!

Македонскиот каратист Вукашин Јовановиќ избори финале на Светската универзијада во Бразил. Членот на Макпетрол ќе се бори за златниот медал во категоријата до (-67кг).

Јовановиќ ноќеска во полуфиналната борба оствари победа над еден од фаворитите во категоријата, натпреварувачот од Иран, Вала Хосеин.

Со овој резултат Јовановиќ го обезбеди и второто одличје за македонската репрезентација, по вчерашната бронза на Стефан Стојановиќ.

Следни настапи македонските каратисти ги имаат во категоријата кумите екипно.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.