SportM
Фудбал

Македонски репрезентативец потпиша за Партизан!

E R4 фев 2025
Македонски репрезентативец потпиша за Партизан!

Фото: tv21m

Репрезентативецот на Македонија и играч на руски Акрон – Бојан Димоски (23), ќе биде третото засилување на Партизан во зимскиот преоден рок, доколку сите коцки се поклопат на своето место во следните два дена. Левиот бек првично ќе пристигне во Хумска како позајмен играч од рускиот клуб, но со опција за откуп од 200.000 евра, дознава српски Телеграф. Преговорите меѓу црно-белите и рускиот прволигаш се во завршна фаза, па Димоски првично ќе биде позајмен до лето, а доколку бидат задоволни трите страни, тогаш би се активирала споменатата откупна клаузула.

Новиот играч на Партизан се етаблираше како македонски репрезентативец под водство на Благоја Милевски, а во Акрон замина во јули 2023 година. Тоа беше негова прва странска станица во кариерата.

Димоски својата сениорска кариера ја започна во Вардар со кој беше шампион на Македонија, а настапуваше и за струмичка Брера.

За репрезентацијата одигра 18 натпревари.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.