SportM
Други

Македонскиот боксер Рустемовски ја доби бронзата, која сјае како злато! (ВИДЕО)

Редакција27 авг 2026
Македонскиот боксер Рустемовски ја доби бронзата, која сјае како злато! (ВИДЕО)

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК) Даниел Димевски ја доби честа од организаторите на Медитеранските игри 2026 да ги врачи медалите на боксерскиот турнир во категоријата до 60 килограми, во која на пиедесталот се искачи и македонскиот боксер Ален Рустемовски.

По двете убедливи победи со технички нокаут над Михајло Дениќ од БиХ и Ариол Зенели од Албанија, и поразот од Шпанецот Марин Ернандез со контроверзна судиска одлука во вчерашното полуфинале, Рустемовски на крајот го освои бронзениот медал.

Рустемовски не го криеше разочарувањето од судиската одлука на која македонската делегација воедно поднесе и жалба, која според правилникот може единствено да доведе до дисциплинска постапка против судиите.

Со настапот во Таранто, боксерот Рустемовски ги продолжи успесите во кариерата во која двата пати беше балкански првак, во 2024 и 2025, а лани на Европското првенство за боксери до 23 години го освои сребрениот медал.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.