SportM
Други

Македонскиот боксер Рустемовски остана без финале, но освои бронзен медал!

Редакција26 авг 2026
Македонскиот боксер Рустемовски остана без финале, но освои бронзен медал!

Македонскиот боксер Ален Рустемовски не успеа да се пласира во финалето на Медитеранските игри 2026 во Таранто, откако попладнево загуби во полуфиналната борба во категоријата до 60 килограми од Шпанецот Марин Ернандез.

Во израмнета борба во сите три рунди, Рустемовски загуби од шпанскиот боксер со кубанско потекло со одлука на судиите од 4-1.

Рустемовски го заврши настапот на Ми2026 со бронзен медал, откако во вчерашното четвртфинале со технички нокаут го совлада албанскиот боксер Ариол Зенели.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.