Други спортови
Македонскиот олимпиец Ставре Јадa го освои 83.место од 111 натпреварувачи во трката на 10 километри
Македонскиот олимпиец Ставре Јада на својот втор настап на ЗОИ во Милано Кортина го освои 83.место во трката на 10 километри крос кантри слободен стил. Тој патеката ја мина за 25:28.9 минути и имаше заостанување од 4:52.7 минути зад победникот Јоханес Хоесфолт Клаебо од Норвешка. Трката ја завршија 111 натпреварувачи.
Јада на Игрите настапи и во спринт трката, додека од нашите олимпијци вчера настап во нордиско трчање имаше и Ана Цветановска.
Ова воедно е последен настап на македонските нордијци, додека претставниците во алпско скијање ќе се појават на патеките – Виктор Петков на 15.февруари и Јана Атанасовска на 18.февруари.