Македонскиот олимпиец Ставре Јадa го освои 83.место од 111 натпреварувачи во трката на 10 километри
Редакција13 фев 2026

Македонскиот олимпиец Ставре Јада на својот втор настап на ЗОИ во Милано Кортина го освои 83.место во трката на 10 километри крос кантри слободен стил. Тој патеката ја мина за 25:28.9 минути и имаше заостанување од 4:52.7 минути зад победникот Јоханес Хоесфолт Клаебо од Норвешка. Трката ја завршија 111 натпреварувачи.
Јада на Игрите настапи и во спринт трката, додека од нашите олимпијци вчера настап во нордиско трчање имаше и Ана Цветановска.
Ова воедно е последен настап на македонските нордијци, додека претставниците во алпско скијање ќе се појават на патеките – Виктор Петков на 15.февруари и Јана Атанасовска на 18.февруари.
Сподели
Поврзани вести

Марчез ја освојува титулата во МотоГП и покрај доминацијата на Aprilia во Португалија

Верстапен триумфира во Лас Вегас во најспектакуларната трка на годината, повторно инцидент меѓу двајца пилоти на Ферари

Историски успех! Лара Колтури триумфира во слаломската трка на патеката во Гургл, прва победа за албанскиот спорт во Светскиот куп
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.
