Македонските кошаркари „летнаа“ за Даблин, сакаат втора победа (ФОТО)
Редакција28 ное 2025

Фото: tv21m
Македонската кошаркарска репрезентација нема време за одмор, а кус е периодот и за подготовки за следниот натпревар. Синоќа во СРЦ „Кале“ македонските кошаркари постигнаа убедлива победа над Азербејџан со 87:49. Избраниците на селекторот Марјан Илиевски денеска отпатуваа за Даблин, каде во недела го играат вториот натпревар од претквалификациите за Евробаскет 2029.
Селекторот Илиевски веќе најави една промена и во составот ќе биде Џејкоб Вајли, на местото на Мур.
Нашата репрезентација во недела го игра вториот натпревар против Република Ирска, која на првиот дуел загуби од Луксембург со 89:77.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



