SportM
Кошарка

Македонските кошаркарки немоќни против Украина во евроквалификациите

Деск8 ное 2024
Македонските кошаркарки немоќни против Украина во евроквалификациите

Македонската женска кошаркарска репрезентација загуби вечерва во Скопје од Украина со 98-49 во рамки на квалификациите за Европското првенство 2025.

За избраничките на селекторот Александар Ашаданов ова е трет пораз во третиот натпревар по кој се последнопласирани во квалификациската група Г.

Најефикасни во македонските редови беа Митрашиновиќ со 17 и Хемпе со 16 поени,

Во следното четврто коло, македонските кошаркарки в недела ја пречекуваат Португалија.

Европското првенство за кошаркарки во 2025 година ќе се одржи во Чешка, Германија, Грција и Италија.

МИА

The post Македонските кошаркарки немоќни против Украина во евроквалификациите appeared first on 24info.mk.

Powered by WPeMatico

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.