SportM
Кошарка

Македонските кошаркарки поразени од Србија со 105:60!

E R7 фев 2025
Македонските кошаркарки поразени од Србија со 105:60!

Фото: tv21m

Македонската женска кошаркарска репрезентација вечерва во Белград загуби од Србија со 105:60.

Ова беше првиот натпревар од последниот квалификациски прозорец во рамки на групата „Г“.

Најефикасна во македонскиот национален тим беше капитенот Митрашиновиќ со 17 поени, Стојановска постигна 16.

По три дена, Македонија ќе игра во Рига против Украина (9 февруари).

Србија е лидер во поредокот со максимални пет победи и обезбеден пласман на Европското првенство. Португалија е втора со три победи и еден пораз, Украина има една победа и три порази, Македонија е последна со пет порази.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.