Македонските спортисти пристигна во Олимпиското село во Париз
Редакција24 јул 2024

Македонската делегација составена од спортисти, тренери и службени лица веќе е во Париз и од денес започнуваат со подготовки за своите настапи на ЛОИ 2024.

На Олимпијадата што ќе се одржи од 26 јули до 11 август ќе учествуваат шест Македонци.
Знаменосци на свеченото отворање ќе бидат Дарио Ивановски (атлетика, маратон) и Мила Рељиќ (таеквондо).
Покрај нив боите на Македонија ќе ги бранат и: Владимир Егоров (борење), Никола Ѓуретановиќ (пливање), Анастасија Мојсовска (стрелаштво) и Еди Шерифовски (џудо).
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



